JM Minima - шаблон joomla Видео

Добредојдовте во НДТ и Контрола - вашиот партнер во испитувањето без разорување

НДT и Контрола е компанија во приватна сопственост која своето основање го бележи во 2007 година. За своето неколку годишно постоење бележи значително голем раст со што денеска преставува компанија која успешно котира на домашниот пазар во полето на испитувањето без разорување на заварени споеви, одковки, одливци и метали.

Главна дејност на компанијата е испитување без разорување на заварени врски, одливци одковки и метали.

За своето неколку годишно постоење компанија успешно опреми  5 лабаратории со најсовремена опрема за:

-    Радиографско испитување (RT)

-    Ултразвучно испитување(UT)

-    Испитување со магнетни честички (MT)

-    Испитување со течни пенетранти (PT)

-    Визуелно испитување (VT)

 Своите услуги компанијата ги нуди и спроведува како при изградба на нови така и при реконструкција и одржување на постоечки објекти во индустријата за садови под притисок, цевководи (за транспорт на вода, гас и горива), рафинерии, хемиска инсдустрија, хидроцентрали, термоцентали, плински станици.

Сопственикот на компанијата има повеќе од 35 години работно искуство во областа на испитувањето без разорување. Во своето долгогодишно работење има учествувано во изградба тековно одржување и реконструкција на повеќе рафинерии, хидро централи и термоцентрали во Македонија и неколку други земји на Балканскиот Полуостров.

Персоналот кој работи во НДТ и Контрола е обучен и цертифицран по ЕН 473.