JM Minima - шаблон joomla Видео

Компанијата спроведува радиографско испитување со Х и γ зраци  за што користиме индустриски ренген апарат до 200 KV, а за испитување со γ зраци користиме индустриски дефектоскоп ГАММАМАТ ТСИ 5/1 со максимална активност на изворот од 135 Ci. Располагаме со опрема за автоматско и мануелно развивање на филмови како и со мобилна темна комора за работа на терен.

Список на опрема за радиографско испитување:
-    Индустриски ренген апарат од производителот Dandong Aolong Radiative Instrument со излезни параметри од 200KV, и 5mA.
-    Индустриски дефектоскоп од производителот ГАММАМАТ модел ТСИ 5/1 со максимална активност на изворот од 135 Ci.
-    Индустриски ренген филмови од прозиводителот АГФА и КОДАК
-    Мобилни илуминатори за експертиза на радиограми од производителот Wilnos
-    Дензитометар за определување на зацрнување на радиограмите марка Wilnos, модел LCD 51.